Ставање/менување на батерии

За работа со камерата за проверка се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За отворање на поклопецот на преградата за батерии (12) притиснете на блокадата (13) и отворете го поклопецот на преградата за батерии (12). Извлечете ја преградата за батерии (11) и ставете ги батериите. Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии (11). Ставете ја преградата за батерии (11) до крај и затворете го поклопецот (12).

При слаба наполнетост на батериите најпрво се појавува ознаката на екранот. Доколку ознаката покажува дека батериите се празни, мора да ги замените батериите, бидејќи не е возможно да вршите проверки.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

  • Извадете ги батериите од камерата за проверка, доколку не ја користите подолго време. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.