Ставање во употреба

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (16) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (17) е притиснат ова не е возможно.

Десен тек: Турнете го прекинувачот за правец на вртење (16) од двете страни се до крај во позиција .

Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на вртење (16) од двете страни се до крај во позиција .

Дупчење

Прекинувачот за избор на начинот на работа (8) поставете го на ознаката „Дупчење“.

Завртување

Прекинувачот за избор на начинот на работа (8) поставете го на ознаката „Завртување“.

GSB 18V-110 C:

Ударно дупчење

Прекинувачот за избор на режимот на работа (8) поставете го на ознаката „Ударно дупчење“.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (17) и држете го притиснат.

LED светилката (13) свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (17) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (17).

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (17).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (17) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Со прстенот за подесување на вртежниот момент (7) може да го изберете потребниот вртежен момент во 25 степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот за вметнување запира.

  • Прекинувач за избор на брзина (9) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
  • Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.

Со прекинувачот за избор на брзини (9) може да изберете 2 брзини.

Позиција на прекинувачот за избор на брзини (9)

Број на вртежи

Вртежен момент

Област на примена

1

ниско

Високо

За тешки задачи:

на пр. дупчење и навртување со голем дијаметар

2

Високо

ниско

За лесни задачи:

на пр. дупчење и навртување со мал дијаметар

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволениот опсегот на работна температура се намалува бројот на вртежи. Дури по постигнувањето на дозволената работна температура, електричниот алат повторно работи со полн број на вртежи.

Заштитата од преоптоварување, која зависи од температурата, се прикажува со црвено светење на LED-сијаличката (14) на електричниот алат. За повторно да се достигнат дозволените граници на работната температура, вклучете го или прекинувачот за избор на брзина (9) на брзина 1, или користете го електричниот алат во празен од или почекајте додека LED-сијаличката (14) не се исклучи. Кога ќе се исклучи LED-сијаличката (14) уредот повторно ја има постигнато дозволената граница на работна температура.

Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува.

Брзото исклучување е прикажано со трепкање на LED на електричниот апарат.

За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување и одново притиснете го.

  • Ако функцијата KickBack Control е дефектна, електричниот алат не се вклучува. Поправката на електричниот алат смее се изврши само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови.

Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY 30-4 / GCY 42 / GCY 42 NC модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат:

  • Регистрирање и персонализирање
  • Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
  • Општи информации и подесувања
  • Управување

За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 30-4 / GCY 42 / GCY 42 NC прочитајте го соодветното упатство за употреба.