Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (13). За тоа исклучете го електричниот алат. Извадете го исфрлувачот на струготини и потчукнете го. За чистење на затнат исфрлувач на струготини користете соодветен алат на пр. дрвено парче, компримиран воздух итн.

Заради обезбедување на оптимално вшмукување постојано користете надворешен уред за вшмукување или вреќичка за прав/струготини.

Демонтирајте го исфрлувачот на струготини (13).

На електричниот алат од двете страни може да се приклучи адаптер за всисување (24) (опрема) со црево за всисување (Ø 35 mm) (22) (опрема).

Прво вметнете го адаптерот за всисување (24) во електричниот алат. Фиксирајте го механизмот за заклучување (25) на адаптерот за всисување. Потоа ставете го цревото за всисување (22) во адаптерот за всисување (24) додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (26).

Поврзете го цревото за всисување (22) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Демонтирајте го исфрлувачот на струготини (13).

Кај помалите работи може да користите вреќичка за прав/струготини (опрема) (23).

Вметнете ја вреќичката за прав/струготини (23) во електричниот алат. Фиксирајте го механизмот за заклучување (25) на вреќичката за прав/струготини.

Празнете ја вреќичката за прав/струготини (23) редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.

За да се одреди правецот на исфрлање на струготините, вметнете го исфрлувачот на струготини (13) десно или лево во рендето.

Ако исфрлувачот на струготини (13) не е вметнат, прашината и струготините ќе се исфрлаат од двете страни на рендето.