Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Чистете го електричниот алат редовно со помош на компресиран воздух.
Држете ја слободно страничната заштита на назабеното сечило (8) и чистете ја редовно.