Совети при работењето

Процес на рендање

Подесете ја саканата длабочина на стругање и поставете го електричниот алат со предниот дел на подвижната подлога од рендето (14) на делот што се обработува.

Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина по површината што ја обработувате.

За постигнување на висококвалитетни површини, работете со мала брзина и со постојан притисок на центарот на подлогата на рендето.

При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво, како и при користење на максималната ширина на рендето поставете мала длабочина на стругање и ев. намалете ја брзината на рендање.

Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните површини и може да доведе до брзо затнување на исфрлувачот на струготини.

Само острите секачи на рендето овозможуваат добар капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на електричниот алат.

Закосување на рабови (види слика D)

V‑жлебот на предната страна на подлогата на рендето (15) овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од делот што се обработува. Притоа поставете го рендето со V‑жлеб на работ од делот што се обработува и водете го по должина на делот што се обработува.

Употребен жлеб

димензија a (mm)

V-жлеб

2,1 – 5,0

средно

0,0 – 2,8