Ставање во употреба

Напомена: Електричниот алат е оптимиран за длабочини на стругање до 1 mm.

Со вртливото копче (1) може да се подеси длабочината на стругање од 0 – 1,0 mm. За длабочини на стругање поголеми од 1 mm мора да се притисне копчето (2):

Материјал

Ширина на рендето во mm

Длабочини на стругање во mm

0 – 1,0

0 – 2,0

Меко дрво

< 30

30 − 40

Цврсто дрво

< 20

20 − 30

Меко дрво (влажно)

0 − 40

Шперплоча

< 20

20 − 30

Шперплоча со слој од фенолна смола

< 15

15 − 30

Лесонит со средна густина

< 20

20 − 30

Фурнири

1

Фурнири од тврдо дрво

3 − 5

Двокомпонентен филер

3 − 5

Картон

2

Вметнете ја наполнетата батерија (5) во дршката за батерија, додека не се вклопи и не легне рамно во дршката.

  • Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (3) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (4) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Приказот за наполнетост на батеријата (10) при половично или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (4) за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и има 3 зелени LED-светилки.

LED светилки

Капацитет

Трајно светло 3× зелено

≥66 %

Трајно светло 2× зелено

≥33 %

Трајно светло 1× зелено

<33 %

Трепкаво светло 1× зелено

Резерва

При оптоварување се намалува бројот на вртежи. Оставете го електричниот апарат неоптоварен на највисок број на вртежи во празен од околу 30 секунди да се олади.