Промена на алат

Клучот со внатрешна шестаголна глава (18) потребен за замена на сечилата на рендето е сместен во внатрешноста на електричниот алат и секогаш треба да се чува таму (види слика F).

Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за ренде.

Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2 секачи и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи, секачот на рендето (17) мора да се замени. HM/TC-секачот на рендето не смее дополнително да се остри.

Демонтирање на сечилото на рендето (види слика A)

За вртење или менување на сечилото на рендето (17) свртете ја главата на сечилото (19), додека не дојде паралелно со подвижната подлога на рендето (14).

Олабавете ги 2-те завртки за прицврстување (21) со клуч со внатрешна шестаголна глава (18) околу 1 – 2 вртења.

Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент (20) со лесно удирање со соодветен алат, на пр. дрвен клин.

Притиснете ја страничната заштита на назабеното сечило (8) надолу и турнете го сечилото на рендето (17) со дрвено парче странично од главата на ножот (19).

Монтирање на сечилото на рендето (види слика B)

Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менување одн. вртење.

Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во затезниот елемент (20) и секачот на рендето (17).

Внимавајте при монтажа на сечилото на рендето, тоа беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на затезниот елемент (20) и да се центрира рамно на страничниот раб од подлога на рендето (9). На крај цврсто затегнете ги 2-те завртки за прицврстување (21) со клуч со внатрешна шестаголна глава (18).

Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали се добро вметнати завртките за прицврстување (21). Свртете ја главата на секачот (19) со рака и проверете дали секачот на рендето стружи на некое место.

Напомена: Во фиоката (7) може да се остави резервно сечило (17) (види слика E).